Полека но сигурно тимот на Манчестер Јунајтед ги фати старите патеки, кога на домашен терен особено, на свој специфичен начин ги добиваше најглемиот дел од мечевите. Овојпат тоа на своја кожа го почувствува тимот на Борнмут, кој беше совладан со 3:0.
Уште од самиот старт на мечот се виде кој е кој откако Касемиро ги доведе домашните во водство од 1:0. На самиот старт на вториот дел, Лук Шо зголеми на 2:0, додека пак Маркус Рашфорд во последните моменти од дуелот ги постави конечните 3:0.
Вреди да се спомене дека Борнмут не одигра воопшто лошо на овој дуел напротив, имаше неколку сериозни ситуации, но денеска Давид Де Геа имаше извонредна вечер и не дозволи да го мине ниту една топка.