Ќака се враќа во Шкендија, Влатко Стојановски заминува!

2597

Камер Ќака (27) искусниот играч за врска се чини дека по една година пауза повторно ќе го облече дресот на Шкендија, барем така велат информациите на „Спортмедиа“. Некогашниот репрезентативец на Албанија во клубот од Тетово беше во периодот од јануари 2021 до јануари 2022 година. Потоа играше за тимот на Мезоковезд од Унгарија за да сега во пролетниот дел одново ќе настапува за Шкендија.

Што се однесува до статусот на Влатко Стојановски засега нема ништо ново. Повремениот репрезентативец на Македонија има договор со Шкендија, од клубот не кријат дека не се задоволни од неговите настапи во есенскиот дел, па така се инсистира на раскин на договорот. Сепак јасно е дека за ова се прашува и самиот Стојановски и неговите менаџери, сепак како што стојат засега работите тој тешко дека ќе игра за Шкендија напролет. Сепак да сочекаме ден – два кога ќе се знае и дефинитивно дали тој останува во Шкендија или ќе си замине.

ПретходноНекогашниот рели возач Кен Блок загина во несреќа со моторни санки
СледноЛидс го претстави третото засилување од РБ Салцбург