Леброн по стапките на Џордан, ново блескаво издание на Дончиќ (ВИДЕО)

267

ЛА Лејкерс запишаа две победи во низа, синоќа го победија Шарлот Хорнетс, еден од најлошите тимови во лигата со 121:115. Натпреварот мина во доминација на Леброн Џејмс, кој пред неколку дена го прослави својот 38 роденден. Џејмс натпреварот го заврши со 43 поени, 11 скока и шест асистенции.

Тој се израмни со подвигот на Мајкл Џордан. Тој и Џејмс се единствените двајца играчи во историјата на НБА кои постигнале 40 или повеќе поени во два последователни натпревари на 38-годишна возраст.

Лука Дончиќ продолжи со серија неверојатно добри игри. Откако во претходните пет натпревари постигна 50, 32, 60, 35 и 51 поен, синоќа во победата против Хјустон Рокетс постигна 39 поени, забележа 12 скока и испорача осум асистенции. Словенецот со 34,3 поени по натпревар сега е на врвот во НБА.

Покрај тоа, тој е и во топ 5 во лигата по асистенции по натпревар и украдени топки. Далас победи против Хјустон (111-106) по трет пат во последните десет дена, а Тексашаните сега се во серија од седум победи, која скокна дури до четвртото место на Западот.

Резултати: Шарлот – ЛА Лејкерс 115-121, Кливленд – Чикаго 145-134 (прод.), Индијана – Торонто 122-114, Филаделфија – Њу Орлеанс 120-111, Бруклин – Сан Антонио 139-103, Хјустон – Дакас 106-1111м Минесота – Денвер 124-111, Голден стејт – Атланта 143-141 (прод.), Портланд – Детроит 135-106, ЛА Клиперс – Мајами 100-110.

ПретходноАрсенал понуди 60 милиони евра за Мудрик, Шахтјор се уште размислува
СледноТрагедија на натпревар од НФЛ: Млад живот е доведен во прашање (ВИДЕО)