Платил пола милион за да си го откупи договорот и да премине во клуб од Третата лига

951

Лукас Перез, најдобриот стрелец на прволигашот Кадиз одлучи од свој џеб да ја плати откупната клаузула и да премине во клуб од Третата лига на Шпанија. Поранешниот фудбалер на Арсенал и Вест Хем, еден ден после Новата година платил клаузула од 500.000 евра за да ги добие документите и да му се приклучи на омилениот клуб Депортиво Ла Коруња кој сезонава се бори за влез во второлигашкото друштво.

Навивачите на Ла Коруња се воодушевени со овој потег и наведуваат дека не очекувале дека Перез ќе го направи ова и ќе му олесни на клубот кој исто така сака да го донесе во своите редови, но финансиската ситуација не го дозволува тоа.

Инаку ова е трет пат Перез да игра за Депортиво. Првиот пат во сезоната 2014/15 па од таму заминал во Арсенал. Се врати на „Ријазор“ во 2017 година, а пет години подоцна пак ќе игра за „сино-белите“, некогашни учесници во ЛШ и шпански шампиони од 2000 година.

 

 

ПретходноФешта пред полни трибини: Македонската публика ќе им се поклони на легендите, ќе ја охрабри иднината!
СледноДебитантот пред Вардар и Пелистер: Алкалоид го има најдобриот напад!