Сампдорија со нова десетка во борбата за опстанок

419

Екипата на Сампдорија доби нов фудбалер од нападот, а се работи за холандскиот интернационалец Сам Ламерс кој во првиот дел од сезоната играше за Емполи. Тој во Сампдорија ќе биде до крајот на сезоната по што ќе се врати во Аталанта од каде дојде на позајмица.

Емполи не беше задоволен од него и го испрати во Сампдорија, а на негово место го врати Франческо Капуто кој брилјираше за тој тим и во две сезони постигна 42 гола.

Инаку Ламерс ја почна кариерата во ПСВ, потоа во Херенвен играше во најдобра форма кога постигна 19 гола. Во Бергамо стигна во 2020 година, но не се наигра па беше позајмен во Ајнтрахт и потоа во Емполи.

Тој е второ засилување за клубот од Џенова оваа зима. Пред Ламерс, дојде централниот бек Брам Нујтинк од Удинезе.

Сампдорија е претпоследна на табелата со само шест бодови од 15 натпревари.

 

ПретходноДебитантот пред Вардар и Пелистер: Алкалоид го има најдобриот напад!
СледноПионерите на ФК Академија Постолов – Пандев на турнир во Дубаи!