И дефинитивно спектаклот може да започне. Ракометно – музичкиот хепенинг вечерва од 19 часот во Арената “Борис Трајковски“ ќе биде настан на кој ќе се раскажува долго време. Ракометната федерација на Македонија направи се што треба за да ова биде настан на деценијата. Останува сега вечерва само да уживаме во мечот меѓу поранешните и сегашните репрезентативци на Македонија. Да уживаме и во забавата за која ќе бидат задолжени врвни музички имиња.
Инаку како што можете да видите од фотографиите подолу, спремни се и сите врамени дресови кои нашите поранешни репрезентативци ќе ги добијат како подарок од страна на РФМ, за се она што и дадоа на нашата ракометна репрезентација, на нашата спортска Македонија.