Фешта пред полни трибини: Македонската публика ќе им се поклони на легендите, ќе ја охрабри иднината!

175

Новата 2023 година не може да почне на подобар начин, кога станува збор за спортот. Вечерва (19 часот) главната „фешта“ ќе биде во СЦ „Борис Трајковски“, ќе се одигра дуелот меѓу поранешните и сегашните македонски репрезентативци насловен како „Сите ѕвезди“.

РФМ одлучи на почетокот на оваа година да ги собере на едно место дел од оние имиња кои го носеа националниот дрес и токму секој јануари ја радуваа македонската јавност, а истовремено да им даде ветер во грб на оние кои ќе не претставуваат на Светското првенство во Шведска и Полска.

На теренот ќе ги видиме: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Ацо Јоновски, Мите Стоилов, Горан Кузмановски, Златко Даскаловски, Горан Ѓоргоновски, Наумче Мојсовски, Стевче Алушовски, Бранче Ангеловски, Петар Ангеловски, Александар Јовиќ, Раде Стојановиќ, Ванчо Димовски…

Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која ќе настапат македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.

Овој голен настан е хуманитарен, средствата собрани од билетите и од спонзорите ќе бидат донирани во СОС Детско село.

ПретходноПрвиот човек на УФЦ и неговата сопруга се испотепаа за време на новогодишната ноќ (ВИДЕО)
СледноПлатил пола милион за да си го откупи договорот и да премине во клуб од Третата лига