Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ со убедлива победа ја почна 2023 година, откако на стартот на турнирот во Аделаида го совлада Французинот Констан Лестиен со 2-0 по сетови 6-3, 6-2.
Ноле доминираше, првиот сет го доби со 6-3, додека во вториот поведе со 4-0 и без проблем го приведе во своја корист за конечни 6-2.
„За прв натпревар не можам да се пожалам. Играв многу добро. Првите шест гемови беа изедначени, а јас никогаш не играв против Лестиен. Не прави многу грешки, има незгоден сервис. Но, кога направив брејк во првиот сет, се засилив и играв навистина добар тенис до крајот“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
Ѓоковиќ во следната рунда ќе игра против Квентин Халис, исто од Франција.