Каков шок денеска во КК Ц.Звезда? Имено стигна писмо од седиштето на Евролигата дека српскиот првак е казнет со 25.000 евра и дека поради кршење на финансиската стабилност и фер-плеј, не може да регистрира нови играчи се до 28 февруари. Тоа значи дека Факундо Кампацо, мега – засилувањето од Аргентина нема право на настап се до 1 март, што секако дека е катастрофа за „црвено – белите“.
Но тоа не е се. Од Евролигата стигнало предупредување дека ако клубот се буни за ова тогаш може да се случи да му се избришат резултатите, односно победите сезонава во Евролигата. Односно ако и понатаму се кршат финансиските правила тогаш ќе следува оваа казна. Е на оваа евентуална казна Ц. Звезда има право на жалба до Судот за спортска Арбитража.
Чудно е тоа што Кампацо може да игра во домашниот шампионат, може да игра и во АБА лигата, но не може во Евролигата. А тоа значи дека за Ц. Звезда во Србија и регионот очигледно дека важат некои други правила.