Како што информираат од страна на РК Е.Пелистер, битолчани подготовките за вториот дел сезоната ќе ги стартуваат на 9 јануари. Прозивката која ќе ја изврши тренерот Ларс Валтер ќе се одржи во салата “Боро Чурлевски“ во Битола. Јасно е дека во првата фаза од подготовките нема да присуствуваат репрезентативците кои ќе имаат обврскина СП во Полска и Шведска.
Првата фаза ќе се одвива во Битола и тоа до 26 јануари, за да потоа екипата се сели во Србија каде ќе се одиграат повеќе пријателски средби.
Исто и ракометарите на Е.Пелистер 2 ќе ги стартуваат подготовките на 9 јануари.