Лазаров: Се надевам дека овие млади ракометари ќе бидат подобри и од нас!

147

Македонската јавност пред ТВ-екраните, но и 6.000 навивачи во СЦ „Борис Трајковски“ имаа уникатна можност, да им оддадат почит на сите оние кои низ годините го носеа националниот дрес, но и да ги поддржат репрезентативците кои овој јануари ќе настапат на Светското првенство.

РФМ приреди спектакл за голема почит. Синоќа сите испратија една порака, а тоа дека спортот секогаш не исполнува со посебна радост, на еден поинаков начин ни ги разгалува срцата, не прави да се чувствуваме посебно.

Еден од оние кои последни кажаа збогум на националниот дрес беше и сегашниот селектор, Кирил Лазаров, кој сонува момците кои сега играат за Македонија да бидат подобри од нив.

„Одличен потег на организаторот, на Ракометната федерација на Македонија за ова што се организира. Повеќе од 15 години сме на голема сцена, сме во репрезентацијата. Го одржуваме македонскиот спорт и се обидуваме тоа да биде уште подобро во иднина. Се надевам дека овие млади ракометари дека ќе бидат уште подобри и од нас”, вели Лазаров.
ПретходноСеријата на луди партии во НБА-лига продолжува – Грчкиот ѕвер постави рекорд (ВИДЕО)
СледноРоналдо го забележа малото девојче на трибините и ги воодушеви навивачите (ВИДЕО)