Пелегрини донесе три бода за Рома, Лече со пресврт до победа над Лацио! (ВИДЕО)

61

Попладнево се одиграа уште два меча од 16.коло во Серија А, по растартот на сезоната поради СП во Катар. И на двата меча настапија екипите од Рим.

Рома со 1:0 славеше над Болоња, а решавачкиот момент се случи уште во 6.минута кога Лоренцо Пелегрини беше прецизен од белата точка.

Во продолжение од средбата тимот на Жозе Мурињо на еден рутински начин ги контролираше настаните на теренот.

Сепак во последните секунди од мечот Болоња имаше две супер шанси и да дојде барем до бод, но ете на крајот остана тој резултат 1:0 за Рома.

На вториот меч, на кој се сретнаа Лече и Лацио, триумфираше домашниот тим со 2:1. Гостите поведоа со голот на Имобиле во 14.минута за 0:1. Сепак Лече во продолжение од мечот со головите на Стрефеца во 57.минута и Коломбо во71.минута успеа да дојде до трите бода и да го изненади фаворитот.

ПретходноШкендија ќе се засили и со Ералдо Чинари!
СледноЕ.Пелистер подготовките за вториот дел од сезоната ќе ги стартува на 9 јануари!