Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо по 20 години ја прекина соработката со својот менаџер Жорж Мендеш.
Како што јавува „Дејли меил“ португалскиот супер агент се скарал со својот најпознат клиент поради интервјуто поради кое Роналдо доби отказ од Манчестер Јунајтед. Кристијано јавно излезе пред англискиот новинар Пирс Морган и го нападна тренерот Ерик тен Хаг и управата на клубот, а потоа грижата за неговата кариера ја презел Рики Регуфе.
Португалскиот „Публико“ објавува дека Мендеш пробал да го убеди Роналдо да не зборува со Морган, но кога фудбалерот тоа го направил проценил дека шансите да се направи трансфер во некој врвен европски клуб се сведени на минимум.
По кавгата Роналдо ја „раскина“ соработката со Мендеш, а притоа суперагентот останал и без 30 милиони евра провизија колку што требало да добие за трансферот на португалскиот ас во Ал Наср.