Ракометарите на Холандија кои се еден од противниците на Македонија на престојното светско првенство во Полска загубија на својот прв подготвителен натпревар против силната Франција со 43:32.
На мечот одигран во Ле Ман, видовме едно израмнето прво полувреме (19:18) и исклучително добро второ полувреме за Французите. Французите првпат дојдоа во водство од три гола на мечот на голот на Валентин Порте, по што работите тргнаа многу полесно за нив. Мелвин Ричардсон и Дилан Нахи, малку беа искористени во првиот период, но одиграа добро второ полувреме за Франција.
Македонија против Холандија ќе игра во втората рунда од групната фаза во Краков.