Челзи не сака да ја плати сумата од 127 милиони евра за Енцо Фернандез од Бенфика и покрај тоа што Португалците инсистираат да се плати сумата од трансферната клаузула, ако „сините“ сакаат да го добијат Аргентинецот.
Лондончани се надеваат дека ќе испреговараат за помала сума со португалскиот клуб. Плаќањата најверојатно ќе бидат скалести, а можно е и некој од играчите на Челзи кои не се стартери да одат во Лисабон.
Аргентинскиот фудбалер е главниот трансфер предизвик за Челзи. Клубот сериозно ги засили преговорите со агентот Жорге Мендеш и се најдева на скоро решение.