Тимот на Аталанта успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Специја, со гол постигнат во последните секунди за конечни 2:2 на овој дуел.
Иако домаќинот имаше водство и од 2:0 по првото полувреме, со головите на Гјаси и Нзола, сепак на крајот Специја мораше да се задоволи само со бод.
Најпрво во 77. Хојлунд намали на 2:1, а во третата минута од судиското продлжение, Марио Пашалиќ реализираше за конечни 2:2.
Од друга страна пак, тимот на Торино киксираше на свој терен откако одигра само 1:1, со последнопласираниот тим на Верона. Ѓуриќ погоди за гостите, Миранчук израмни, но домаќините не успеаа да постигнат и втор гол за да дојдат до целиот плен.