Зомер ќе биде нов голман на германскиот шампион

177

Голманот на Борусија Менхенгладбах и на швајцарска репрезентација Јан Зомер е блиску до преселба во Баерн (М), објави новинарот Андреас Бони.

Според него, страните разговараат за деталите од договорот кој ќе биде со важност до 2025 година. Самиот Зомер одамна сака да се пресели во Баерн.

Да потсетиме, по заминувањето на германската репрезентација од Светското првенство во 2022 година, германскиот репрезентативен голман и капитен на Баерн, Мануел Нојер, замина на одмор каде ја скрши ногата. Голманот нема да може да игра до крајот на сезоната.

Зомер дојде во Борусија летото 2014 година.

ПретходноЃоковиќ и натаму не смее да влезе во САД!
СледноСкопје домаќин на „Global handball summit“: На едно место Лазаров, Червар, Ортега, Дејвис…