Полјакот Давид Кубацки е победник е победник на третата етапа од традиционалната Новогодишна турнеја. Во Инсбрук, Кубацки победи пред лидерот во вкупниот поредок Гранедунд и Слобенецот Ланишек.
Полјакот беше најдобар со скоковите од 127 и 121,5 метри. Исти скокови имаше и Ланишек, но и за двата скока доби послаби оценки од судиите. Втор заврши Норвежанецот Гранерунд со скоковите од 123 и 133 метри.
Пред последниот натпревар во Бишосхофен, Гранерунд има 877,8 поени или 23,3 поени повеќе од Кубацки.
Утре во Бишосхофен на програмата се квалификациите, а главниот натпревар е на 6.јануари.