Јусуфа Мукоко има 18 години е новиот талент на германскиот фудбал и му предвидуваат блескава иднина. Тој игра за Борусија Дортмунд но се чини дека кариерата ќе ја продолжи во друг клуб затоа што од редовите на „жолто-црните“ не сакаат да ги прифатат неговите барања за нов договор.
За потпис на нов договор овој напаѓач наводно бара повеќе од 10 милиони евра по сезоната. Тој смета дека тоа е пристојна сума за своите услуги иако има одиграно само неколку врвни натпревари.
Понудата на поранешниот германски шампион е шест милиони евра годишно што е значително зголемување во однос на моменталните 1,8 милиони евра. Меѓутоа фудбалерот и оние кои се грижат за неговата кариера сметаат дека тој уште сега е играч од светска класа и сакаат многу повеќе пари.
FOTO> bvb.de
Discussions between Borussia Dortmund and Youssoufa Moukoko (18) are continuing to falter as the payer demands more than €10m in signing fees. (@westsven)https://t.co/4oXCwLtYZN
— Get German Football News (@GGFN_) January 3, 2023