Мухаремовиќ ќе ги брани боите на Силекс

1150

Македонскиот прволигаш Силекс прави уште еден трансфер во зимскиот преоден рок. Kако што дознава „Спортмедиа“, нов играч на кратовци ќе биде Халил Мухаремовиќ, 25-годишен Црногорец кој доаѓа од црногорскиот клуб Искра од Даниловград. Договорот е на 2,5 години.

Игра на позиција крило, а претходно играл и во ФК Подгорица и ОФК Петровац.

Силекс пред него се засили со Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани, а се очекува и доаѓањето на бекот Медин Бајрами.

 

 

ПретходноМладост Лучани продаде фудбалер во Ман. Сити за 2 милиони евра!
СледноМладиот играч на Борусија претера со барањата за потпис на нов договор