Перо Антиќ: Парите сум ги заработил со пот, после се што имам направено за Македонија ми дава за право да се облекувам како што сакам!

2498

Многу врева во јавноста се дигна дуксерот на кој пишуваше Ц. Звезда, а кој го носеше Перо Антиќ,претседателот на КФСМ и наш некогашен прославен кошаркар, на вчерашниот ракометен спектакл кој го организарише РФМ. Прво се јавија неколку навивачки групи со критија, социјалните мрежи просто “зовреа“, а Антиќ денеска за “ММС“имаше свое видување:

– Жално е што по оној убав настан вчера, ние денес зборуваме за дуксер?! Ни најмалку не ме изнервира, па ниту е прв, ниту, пак, ќе биде последен пат. Сите знаеме дека само  се чека на вакви работи, а се занемаруваат многу поголеми работи што треба да се коментираат. Вчера бевме собрани сите на еден многу убав настан, за убав повод, за помош на дечињата од СОС Детско село. Но ете, некои луѓе таму отишле за да стават темна дамка на тој убав настан, кој фантастично го организирала РФМ.  Мене навистина ми беше чест да присуствувам на овој настан, рече Антиќ за ММС и додаде дека сите може да бидат облечени како сакаат, а не по нечии мерки и мислења“посочи  Антиќ.

Тој истакна дека не сака да се правда, дека не крие дека е фан на Ц.Звезда, но и дека Македонија секогаш му е на прво место:

 

-Вчера не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Можев и у дуксер со Меси да дојдам! Имам таков и плав дуксер. Тоа ми е опрема дадена од последната сезона кога играв. Не сум отишол да купам. Ма не се правдам и не сакам ова да изгледа дека се правдам.  Секој може да облече што сака, секако и јас. Може и гол да оди,  отворен ум, нели сме 21 век. А сите си навиваат за свој клуб. Јас сум кажал и пак ќе кажам дека навивам за Црвена Ѕвезда, Олимпијакос и Фенербахче и тоа ќе остане така. Јас сум нивен фан, јас тоа не го кријам.  Но, секако дека Македонија ми е под број еден. И се што јас имам направено за Македонија ми дава за право да бидам облечен како сакам

Исто напомена дека тој со гордост и во најдобро светло ја претставувал својата земја:

 Македонија ја претставував во најдобро светло низ цел свет. За мене една е Македонија, едно е знамето и една е химната и тоа никогаш нема да се смени“.

Се прашува зошто кога носел дуксер на Фенербахче тоа не им пречело:

На натпревар на МЗТ се појавив во дуксер на Фенербахче! Зошто тогаш не им сметаше? Што не коментираа! Па вчера не играше Македонија против некоја репрезентација? А јас ќе останам Македонец во душа. Јас не сум ниту мамин ниту татин син и сите пари што сум ги заработил во животот сум ги донел во Македонија, не се во странство. Ќе јадам што сакам зашто тие се мои пари, ниту сум бил  на државна цицка, ниту ми ги дале мама и тато . Напротив цел живот сум помагал и ќе помагам. Јас цела кариера помагам и на сите тоа треба да им е во срце, душа и во глава, да помогнат на тие што им треба“.

ПретходноШифрин победи на “Сљеме“, сега е на победа до рекордот на Вон!
СледноПромоција: И официјално Руфати и Врдољак во А. Пандев! (ФОТО)