Проблем за Ливерпул: Повредата на Ван Дајк е сериозна

130

Ливерпул го загуби дуелот со Брентфорд, а го загуби на извесен период и дефанзивецот Вирџил Ван Дајк кој поради повреда мораше да го напушти мечот. Холанѓанецот беше заменет со Џоел Матип на полувреме на „Џи-тех“ стадионот.

Ван Дајк има повреда на тетивата е од посериозен карактер и ќе паузира до февруари. Тоа значи дека Ливерпул нема да може да игра со Холанѓанецот во дефанзива на саботното гостување кај Вулверхемптон во ФА купот.

Ливерпул до крајот на месецот ќе игра уште со Брајтон (14 јануари) и Челзи (21 јануари), а на почетокот на февруари ќе се соочи со Вулверхемптон (4 февруари). Стоперот веројатно ќе ги пропушти сите тие натпревари.

Па така Клоп ќе мора да комбинира со Матип, Конате, Џо Гомез и Нат Филипс во дефанзивниот ред.

На списокот на повредени кај Ливерпул се Диого Жота, Луис Диаз, Роберто Фирмино, Џејмс Милнер.

 

ПретходноПромоција: И официјално Руфати и Врдољак во А. Пандев! (ФОТО)
СледноЧетворица членови на холандската репрезентација позитивни на Ковид-19