ПСЖ, Баерн, Њукасл го побараа Коло Муани, но Ајнтрахт ги „олади“

142

Светскиот вицешампион со Франција, Рандал Коло Муани нема да го напушти Ајнтрахт овој месец и покрај интересот на голем број на клубови меѓу кои и богатите ПСЖ, Баерн, Њукасл, Манчестер Јунајтед…
По одличните настапи на СП во Катар, Коло Муани стана интересен за многу клубови, меѓутоа од Ајнтрахт не помислуваат да го пуштат уште сега.
Нема да го продадеме Коло Муани без разлика што пишува во медиумите“, изјави спортскиот директор Маркус Кроше.
Неофицијално се нуди и сума од 60 милиони евра, меѓутоа таа не е привлечна за Ајнтрахт и од таму преферираат младиот француски напаѓач да остане.

Коло Муани сезонава постигна пет гола и запиша 10 асистенции во досегашниот дел од Бундес лигата.
Инаку 24-годишниот фудбалер дојде во Ајнтрахт во 2022 година како слободен играч откако му истече договорот со Нант. Тој е роден во Бонди, Франција, а има потекло од Конго.

 

ПретходноКузмановски: Благодарност до РФМ за синоќешниот спектакл
СледноКубацки најдобар во Инсбрук, Гранерунд лидер во трката за „Златниот орел“