Само седум прволигаши во Европа не се поразени во досегашниот дел од сезоната

199

Тргнаа фудбалските возбудувања во новата година, голем дел од првенствата почнаа со фудбал, а некои се уште се на пауза. Во досегашниот дел од сезоната само седум клубови се уште ја немаат почувствувано горчината на поразот.

Во Топ 5 лигите во Европа, само Наполи нема доживеано пораз. Тимот на Елмас има 13 победи и две ремија, а денеска ја продолжува својата низа на гостувањето кај Интер (20:45 ч.).

Другите се: Панатинаикос кој има ист скор како и Наполи на чело на табелата во Грција, потоа Црвена Звезда кој во српската Суперлига има 17 победи и две ремија.

Следуваат Карабах од Азербејџан, Свифт Хесперанж од Луксембург, Њу Сеинтс од Велс и Алтетик д’Ескаладес од Андора.

 

 

ПретходноРоналдо „раскина“ со Жорж Мендеш и го остави без провизија од 30 милиони
СледноБомба од Чаир: Илиески се враќа во Шкупи