Тотенхем се „распука“ против Палас, Вила извади бод со „волците“ (ВИДЕО)

82

По два последователни меча без победа, Тотенхем се „распука“ во второто полувреме од гостувањето кај Кристал Палас и дојде до убедлива победа од 4:0 за враќање на насмевките кај своите фанови. Лондонската пресметка донесе неинтересно прво полувреме во кое не видовме ниту еден гол, но затоа атомско второ полувреме на гостите кои во кус период успеаја да го решат мечот.

Неверојатниот Хари Кејн со два брзи гола за само пет минути (48 и 53. минута) успеа да донесе предност од 2:0 за Спарс, која до 72. минута беше удвоена со головите на Доерти и Сон.

Астон Вила во второто полувреме успеа да се избори за реми на домашен терен против Вулверхемптон, додека претходно Лидс Ј. и Вест Хем одиграа без победник 2:2. Вечерва се одигра и дуелот меѓу Саутемптон и Нотингем Ф. кој го добија гостите со 1:0.


Standings provided by Sofascore

ПретходноЏеко им го нанесе првиот пораз на Елмас и Наполи (ВИДЕО)
СледноЧелзи не сака да плати 127 милиони за Енцо, Бенфика не попушта