Холандија убедливо поразена од Франција на контролата во Ле Ман

138

Ракометарите на Холандија кои се еден од противниците на Македонија на престојното светско првенство во Полска загубија на својот прв подготвителен натпревар против силната Франција со 43:32.

На мечот одигран во Ле Ман, видовме едно израмнето прво полувреме (19:18) и исклучително добро второ полувреме за Французите. Французите првпат дојдоа во водство од три гола на мечот на голот на Валентин Порте, по што работите тргнаа многу полесно за нив. Мелвин Ричардсон и Дилан Нахи, малку беа искористени во првиот период, но одиграа добро второ полувреме за Франција.

Македонија против Холандија ќе игра во втората рунда од групната фаза во Краков.

ПретходноБратот на Мбапе со поглед ќе го “убие“ Лео Меси!
СледноАлфа Таури први ќе го претстават новиот болид, Ферари закажаа промоција на 14 февруари