Четворица членови на холандската репрезентација позитивни на Ковид-19

454

Во пресрет на вечерашниот пријателски меч против Франција, четворица членови на холданската репрезентација се позитивни на Ковид-19.  Резултатите попладнево покажаа дека еден од позитивните е ракометарот Јорн Смитс, кој бил болен од Ковид-19 пред две недели, така што има добри шанси неговите вредности да се позитивни поради таа контаминација.

Покрај Смитс и тројца членови на персоналот имаат инфекција со Ковид-19, а тоа се помошникот тренер Ваи Вонг, физиотерапевтот Роберт Баардсе и менаџерот на тимот Маике Вилемс. Тие не покажуваат никакви симптоми.

На 15 јануари Холандија во 2. коло од групната фаза се среќава со Македонија.

ПретходноПроблем за Ливерпул: Повредата на Ван Дајк е сериозна
СледноМилик за победа на Јуве во 91. минута, Фиорентина ремизираше со Монца (ВИДЕО)