Од денеска играчите и стручниот штаб на Шкендија се во “погон“. Тренерот Ќатип Османи старт и тоа со прозивката и состанокот на кој тој им објасни на своите играчи што ги чека се до 19 февруари за кога е закажан стартот на пролетниот дел од сезоната.
Тука беше и новото засилување Методи Максимов кој дојде од Работнички, тоа е еден од ретките класични трансфери во мак – фудбалот.
Првите два дена ќе послужат за лекарски прегледи, потоа ќе се работи во Тетово за да од 24 јануари се замине во Анталија, во старата зимска база на тетовци.Таму ќе се одиграат најмалку четири контролни средби со силни противници.