Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на мериканските мастерси Индијан Велс и Мајами, доколку во меѓувреме не дојде до промени. Причината, како и минатата година, се строгите мерки за корона кои се во сила во САД, кои се продолжени до 10 април годинава.
Секој кој сака да влезе во САД до тој датум мора да биде вакциниран. Општо познато е дека Ѓоковиќ не е вакциниран и дека редовно ги истакнува своите антиваксерски ставови, па нема да биде на турнирите кои почнуваат на 8 и 22 март годинава.
Ѓоковиќ моментално игра турнир во Аделаида, по што ќе се пресели во Мелбурн каде ќе се натпреварува на Австралија опен. Српскиот тенисер минатата година имаше најмногу проблеми со мерките за корона во Австралија, дури беше депортиран по забрзано сослушување.
Австралијците во меѓувреме ги олабавија мерките, но во САД стојат на своето, па јасно е дека Ѓоковиќ нема да може да се натпреварува за 2.000 бода што ги носат тие два турнира, а неговиот настап на УС Опен исто така е под знак прашалник, не е познато дали мерките ќе се пролонгираат до крајот на годинат.