Фудбалерите на Интер го совладаа Наполи на „Џузепе Меаца“ со 1:0 и му го нанесоа првиот пораз на лидерот во Серија А во тековното 16. коло.
По 15 меча без пораз, момците на Лучијано Спалети загубија на гостувањето во Милано, откако Един Џеко погоди во 56. Минута од мечот, но претходно, Димарко, Дармијан, Лукаку промашија чисти зицери за водство на домашните.
Од друга страна, наполитанците не направија многу во офанзивниот дел од својата игра. Квича и Виктор Осимен беа целосно сопрени од играчите на Интер, а и нашиот Елмас влезе во финишот но не успеа да спречи пораз за својата екипа.
Во вториот натпревар од овој термин Удинезе и Емполи одиграа 1:1. Балданзи им донесе предност на гостите, а Переира израмни. Несторовски како и Елмас доби шанса во последните 10-тина минути од мечот.