Артета: Не беа досудени два скандалозни пенали!

177

Арсенал синоќа одигра без голови на дуелот против Њукасл во рамките на 19. коло во Премиер-лигата. И покрај ова тимот предводен од Микел Артета остана на врвот на табелата и пред Сити кој има осум бода помалку, но и еден меч помалку.

По завршување на дуелот, тренерот на Арсенал испрати забележки на сметка на судијата.

„Горд сум на начинот на кој игравме и доминиравме на теренот. Не се ни приближија доволно за да постигнеме гол и јас да ја завршам работата. Имавме многу ситуации околу шеснаесетникот, но имаше и две скандалозни одлуки, не беа досудени ни два скандалозни пенали. Има ситуации кога може да биде пенал, а не може, но овие двајца дефинитивно беа“, изјави шпанскиот стратег.

ПретходноСкопје домаќин на „Global handball summit“: На едно место Лазаров, Червар, Ортега, Дејвис…
СледноМладост Лучани продаде фудбалер во Ман. Сити за 2 милиони евра!