Аталанта се спаси кај Специја, Торино не успеа дома против Верона

103

Тимот на Аталанта успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Специја, со гол постигнат во последните секунди за конечни 2:2 на овој дуел.

Иако домаќинот имаше водство и од 2:0 по првото полувреме, со головите на Гјаси и Нзола, сепак на крајот Специја мораше да се задоволи само со бод.

Најпрво во 77. Хојлунд намали на 2:1, а во третата минута од судиското продлжение, Марио Пашалиќ реализираше за конечни 2:2.

Од друга страна пак, тимот на Торино киксираше на свој терен откако одигра само 1:1, со последнопласираниот тим на Верона. Ѓуриќ погоди за гостите, Миранчук израмни, но домаќините не успеаа да постигнат и втор гол за да дојдат до целиот плен.

 

 

ПретходноАндреј Кировски нов стопер на Гостивар
СледноШкендија ги стартуваше подготовките: И Максимов е тука! (ФОТО)