Дарко Илиески се враќа на Чаир. Стоперот кој досега настапуваше за тимот на Струга Трим Лум прави кам бек во тимот во кој настапуваше со успех своевремено, и го засилува директниот конкурент во битката за титулата во ПМФЛ шампионатот.
Илиески беше во преговори со Струга за продолжување на соработката но очигледно дека Шкупи ја добива оваа битка.
Илиески има одлична полусезона зад себе, имаше интерес да замине и надвор од нашиот шампионат, но сепак, неговата желба да се врати на Чаир била одлучувачка.