Кристоферсен победи во Гармиш и израмни рекорд на легендарниот Томба

92

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен победи во третиот слалом во сезоната од Светскиот куп што се одржа во Гармиш-Партенкирхен. Кристоферсен го постигна најдоброто време на првата трка со стартен број еден. Токму стартните бројки се покажаа како пресудни во слаломот, кој го обликуваа и лошите услови на патеката, која се „распадна“ поради благите температури.

Норвежанецот стигна до третата последователна победа во Гармиш-Партенкирхен, а 29-та во кариерата со резултат 1:48,37. Австриецот Мануел Фелер беше втор со заостанување од 1,22 секунди, додека Французинот Клемент Ноел заврши трет со 1,46 секунди заостанување.

Кристоферсен со тоа стана првиот скијач по Италијанецот Алберто Томба со три победи во слалом во Гармиш-Партенкирхен.

ПретходноМукаетов: Победи хуманоста, а публиката беше МВП
СледноРоналдо во Ријад ќе престојува во супер –луксузна вила вредна 14 милиони евра! (ВИДЕО)