Кузмановски: Благодарност до РФМ за синоќешниот спектакл

168

Вчерашниот ракометен спектакл кој се одржа во салата Борис Трајковски на кој на ревијален натпревар настапија ракометните легенди на Македонија и актуелната А репрезентација во јавноста е примен со воодушевување. Нема поубав начин да се испратат нашите најдобри ракометари на ЕП од преполна сала, присуство на секој можен ракометен авторитет од Македонија и прекрасна атмосфера за која ќе се зборува уште долго.

Па така сеуште под импресии од синоќешниот настан, ракометарот на Хановер и репрезентативец на Македонија, Филип Кузмановски реши денеска преку социјалните мрежи да се заблагодари на организаторите, РФМ, како и на легендите, постарата генерација и негови идоли што на ваков прекрасен начин решија да го испратат него и неговите колеги на Европскиот шампионат.

ПретходноМилан успешен кај Салернитана (ВИДЕО)
СледноПСЖ, Баерн, Њукасл го побараа Коло Муани, но Ајнтрахт ги „олади“