Скопје од денеска до 8. јануари ќе биде домаќин на „Global handball summit“, на кој учество ќе земат домашни, регионални и меѓународни ракометни имиња.
Овој настан, кој е во организација на АГЕ спортската агенција за првпат се одржува во нашата земја. Мотото на самитот е „размислување, промоција и раст“, истиот треба да помогне во подобрување на разбирањето и промоцијата на ракометот.
Во улога на предавачи ќе се појават Кирил Лазаров, Давид Давис Камара, Кирил Лазаров, Лино Червар, Матс Олсон, Ѓорѓи Начевски, Славе Николов, Зоран Ханџиски, Бојана Јеличиќ, Венио Лосерт, Антонио Карлос Ортега…