Шкендија ќе се засили и со Ералдо Чинари!

1280

Ералдо Чинари (26) ќе биде засилувањето на Шкендија во нападот во овој зимски преоден рок. Како што дознава „Спортмедиа“, преговорите се во завршна фаза, остануваат само уште некои детали за да интернационалецот од Албанија да стави потпис на договор со клубот од Тетово.

Чинари и во минатите преодни рокови се споменуваше како засилување на Шкендија, но никогаш до тоа не дојде. Којзнае, сега можеби е време за такво нешто.

Чинари во минатото играл за Влазнија, Партизани, Самсунспор, а бил член и на младите селекции на Албанија.

ПретходноАко Ц. Звезда се буни за Кампацо тогаш Евролигата ќе и ги избрише победите за оваа сезона!?
СледноПелегрини донесе три бода за Рома, Лече со пресврт до победа над Лацио! (ВИДЕО)