Помошникот на досегашниот тренер на Победа, Бобан Бабунски, Благојче Дамевски ќе биде нов тренер на прволигашот од Прилеп.
По заминуивањето на Бабунски, Дамевски ќе ја преземе екипата и ќе се нафати да го спасува прволигашот од испаѓање.
Победа се мачи на резултатски план сезонава, и на самиот крај на табелата во ПМФЛ па нормално е и да има промени. Ќе видиме што ќе се случува на тема играчки кадар, но јавноста веќе знае за многуте заминувања зимава.