Жунињо: Руди Гарсија е најлошиот фудбалски тренер

706

Поранешниот бразилски репрезентативец Жунињо Пернамбукано го посочи тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија како најлош тренер во неговата фудбалска кариера.

Руди Гарсија е ладна личност. Тој не верува никому, тој е несигурен. Тој се обидува да ги натера другите да се плашат. Моето искуство со Руди Гарсија беше ужасно.

Тој е најлошиот лик што сум го познавал во целата моја фудбалска кариера. Ќе се обиде да му биде пријател на Роналдо и да направи се што е можно за ова.

Да се биде најдобар пријател со Кристијано Роналдо ќе биде неговa цел. Руди не се грижи за успехот на тимот или хармонијата во соблекувалната. Нему му е важно да биде во центарот на вниманието, без разлика на резултатите.

Кристијано Роналдо е еден од најголемите во историјата на фудбалот, легенда и Руди го знае тоа“, изјави Жунињо.

Пернамбукано и Гарсија работеа заедно во Лион до 2021 година, кога Шпанецот се повлече од функцијата главен тренер.

ПретходноБугаринот Милев во нападот на Шкендија
СледноСити ги однесе бодовите од „Стемфорд Бриџ“, а Пулишиќ и Стерлинг се придодадоа на листата на повредени кај Челзи (видео)