Камер Ќака е најновото засилување во редовите на Шкендија, информација која СПОРТМЕДИА ја најави, а сега доби потврда. 27-годишниот фудбалер по една година се враќа во редовите на тетовскиот прволигаш. Ќака во Шкендија доаѓа од Унгарија од тимот на Мезоковесд.
„За мене е задоволство да се вратам во клуб каде што играв претходно. Шкендија, Тетово и „Балистите“ ми оставија многу позитивен впечаток и затоа ја донесов оваа одлука. Во 2021 година ја освоивме шампионската титула со Шкендија и повторно доаѓам овде за да триумфираме. Го познавам клубот, амбициите и се што ја опкружува Шкендија и доаѓам со многу ентузијазам да дадам се од себе“, изјави Ќака.