Откажана денешната трка „Снежна кралица“ на „Сљеме“

242

Денешната трка на Снежната кралица на „Сљеме“ е откажана. Причината за ова се високите темепратури и ветерот, се вели во краткото соопштение на организаторите.

Со многу проблеми и со скратен старт се одржа вчерашната трка на која Американката Микаела Шифрин го прослави својот петти пат во “Сљеме“. По трката, скијачите се пожалија дека патеката е очајна и полна со дупки, а 21 скијач не успеа да ја заврши трката.

Трката во “Сљеме“ наиде на критики и од бројни странски медиуми кои сметаат дека трките не треба да се одржуваат во такви услови, бидејќи тогаш се поголеми шансите за сериозни повреди.

ПретходноКузмановски: Имаме млада екипа и тешка група, но исти амбиции – пласман во главната фаза!
СледноУплатил ливче со добивка од 17.000 евра, сега обложувалницата не му го признава!