Чави откри што му недостига на тимот!

280

Барселона дојде до тешка победа во осминафиналето на шпанскиот кралски куп, против третолигашот Интерсити после 120 минути беше подобра со 3:4.

Ова беше многу болен натпревар за гледање на навивачите на Барселона, а сега тренерот Чави Хернандез призна дека и покрај победата не смеат да бидат среќни.

„Промашивме многу во натпревар кој го имавме под контрола. Не го блокиравме центарот, не го одбранивме добро просторот. Не можеме да си заминеме среќни. Играта беше прилично добра, но мора да бидеме посилни, во одбраната може да се греши, но мечот мораше да се заврши, а ние немавме доволно сила.

Моравме да доминираме во играта, бевме добри и во темпото. Имаме и позитивни работи, но премногу ги искомплициравме работите. Задоволен сум од играта, но ни недостига сила. Морам да размислувам што можеме да подобриме“, изјави Чави на прес-конференцијата по натпреварот.

ПретходноШкендија се пофали со Мујезиновиќ
СледноДинамо прави уште еден екстра трансфер, Оршиќ заминува во Саутемптон