Чави по синоќешното мачење во Купот: Ова е второ предупредување за нас

226

Барселона синоќа дури по 120 минути успеа да го мине третолигашот Интерсити во 3. коло од кралскиот куп. Тренерот на каталонците, Чави Ернандез по победата на неговиот тим со 4-3 со гол во последната минута од продолжението, изјави дека е загрижен од играта на својата екипа.

„Вакви работи се случуваат во Купот. Седум екипи од Ла Лига беа елиминирани. Можевме да водиме со 2-0 или 4-2, но си го отежнавме животот. Му дадовме премногу подароци на противникот во области каде што не бевме доволно наметливи. Чувството е исто како по натпреварот со Еспањол. Тоа беше првото предупредување, сега следува второто. Ме загрижува нападот. Во одбраната може се да се случи, но не и во нападот“, вели Чави.

ПретходноЃоковиќ се намачи за пласман во четвртфиналето во Аделаида
СледноНов расистички скандал со навивачите на Лацио: Го расплакаа Умтити