Бабунски: Чест е да се биде тренер на Пелистер, амбициите мора да бидат пласман во ПМФЛ!

618

Бобан Банбунски (54) е нов тренер на Пелистер. Тој доаѓа на местото на Марјан Секуловски. Не треба да се трошат многу зборови за Бабунски. Некогашен фудбалер на Вардар, познат тренер, екс – селектор на нашата млада репрезентација, ја има водено и А-репрезентацијата, некогашен тренер на Вардар, на Работнички, до пред некој ден и на Победа.

Позната фудбалска и спортска “фаца“ во Македонија, татко на сегашните репрезентативци Давид и Доријан Бабунски.

Откако ФК Пелистер објави дека тому Бабунски ќе биде нов шеф на струката, „Спортмедиа“ веднаш стапи во контакт со новиот стратег на битолскиот клуб, еден од нашите најголеми и најпознати клубови.

Прво да кажам дека чест е да се биде тренер на Пелистер. На така голем клуб, еден од најголемите во Македонија. Секако пред мене е голем предизвик. Се договоривме до јуни да бидам во клубот, а потоа ако и двете страни се задоволни од соработката, секако мојот престој ќе биде продолжен во Битола“ истакнува Бабунски за нашите читатели.

Јасно му е и нему дека од него ќе се бара пласман во ПМФЛ…

Да, така и мора да биде. Пелистер, фудбалска Битола заслужуваат прволигаш, тука нема сомневање. Јас ветувам само напорна работа, Пелистер ќе игра напаѓачки фудбал, приоритет ќе бидат резултатите, но секако Пелистер мора да игра и фудбал убав за око на задоволство на армијата фанови на Пелистер. Очекувам `костурот` на тимот да биде задржан, би требало да има засилувања и од понеделник ќе почнеме со работа. Знам дека не чека тешка битка напролет, тука се Гостивар, Вардар, Воска, но јас верувам дека можеме да ги оствариме амбициите на сите кои го сакаат Пелистер“ посочи Бабунски, новиот стратег на Пелистер.

ПретходноБлагојче Дамевски ќе ја води Победа напролет
СледноПроблем: Ал Наср уште не го регистрирал Роналдо!