Македонската ракометна репрезентација рано наутро летна за Хрватска, каде ќе ги одигра последните две пријателски средби пред стартот на Светското првенство. Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров на дуелите против Хрватска и Израел нема да смета на Филип Талески, Никола Митревски и Цветан Кузманоски. Тројцата останаа во Скопје ќе работат индивидуално.
Талески го повреди скочниот зглоб пред неколку дена на тренинг, па лекарскиот тим работи на неговата рехабилитација, Митревски се уште не е фит, додека пак со Цветан Кузмановски се е во ред, не влезе во списокот на патници за Пореч.
Македонија утре (06.01) игра против Хрватска со почеток во 20:15 часот, додека ден подоцна во истиот термин ќе ги одмери силите со Израел.
После овие два меча, Македонија се враќа во Скопје, каде ќе остане уште неколку дена, по што на 11. јануари заминува за Краков, градот домаќин на нашата групна фаза. Прв противник е селекцијата на Норвешка (13.01), два дека подоцна ракометарите играат против Холандија, додека на 17. јануари е мечот со Аргентина.
СОСТАВ МАКЕДОНИЈА ЗА КРОАЦИЈА КУП: Томовски, Кизиќ, Манасков, Кузмановски, Георгиевски, Пешевски, Петар Атанасијевиќ, Павле Атанасијевиќ, Ѓорѓиев, Серафимов, Џонов, Јагуриноски, Костески, Маркоски, Младеновски, Петров, Савревски. Стојковиќ.