Столе Димитриевски во овој зимски преоден рок би можел да направи трансфер во тимот на Вилјареал. Оваа вест ја “лансираат“ медиумите во Шпанија кои истакнуваат дека наводно Вилјареал на сегашниот тим на Македонецот, Рако Вајлекано, му понудил 8 милиони евра како отштета.
Е, сега дали ова е во доменот на шпекулациите, или навистина има нешто, ќе се дознае допрва.
Инаку не е тајна дека за нашиот најдобар голман, кој во последните две сезони брани фантастично во Ла Лига, има интерес речиси во секој преоден рок. Минатиот јануари дури и Барселона имаше разговори и преговори со Димитриевски, но ништо не испадна од тој трансфер.
Дали е време за Вилјарел, останува да сочекаме.