Дека Динамо Загреб прави екстра трансфери не е непознаница. Дека милиони евра се сливаат во неговата каса секоја година исто така е факт. Како што е факт дека Мислав Оршиќ е нов член на тимот на Саутемптон.
Офанзивецот на Динамо и репрезентацијата на Хрватска, заминува во последно пласираниот тим од Премиер лигата и се очекува да биде освежување за екипата која што се мачи сезонава.
Со овој трансфер Динамо ќе заработи шест милиони фунти.