Поранешниот бразилски репрезентативец Жунињо Пернамбукано го посочи тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија како најлош тренер во неговата фудбалска кариера.
„ Руди Гарсија е ладна личност. Тој не верува никому, тој е несигурен. Тој се обидува да ги натера другите да се плашат. Моето искуство со Руди Гарсија беше ужасно.
Тој е најлошиот лик што сум го познавал во целата моја фудбалска кариера. Ќе се обиде да му биде пријател на Роналдо и да направи се што е можно за ова.
Да се биде најдобар пријател со Кристијано Роналдо ќе биде неговa цел. Руди не се грижи за успехот на тимот или хармонијата во соблекувалната. Нему му е важно да биде во центарот на вниманието, без разлика на резултатите.
Кристијано Роналдо е еден од најголемите во историјата на фудбалот, легенда и Руди го знае тоа“, изјави Жунињо.
Пернамбукано и Гарсија работеа заедно во Лион до 2021 година, кога Шпанецот се повлече од функцијата главен тренер.