Кој е анонимусот вреден 100.000 евра кој постигна хет-трик против Барселона?

2994

До синоќа беше тотален анонимус, но сега цел свет слушна за него. Ориол Солдевила. Тоа е човекот кој синоќа и даде три гола на Барселона во меч од Купот на Шпанија.

Во текот на регуларните 90 минути, Барселона трипати водеше со головите на Араухо, Дембеле и Рафиња, но секој пат 21-годишниот играч за врска, за кој ноќеска слушна цел свет, ги враќаше работите на почеток. До вчера анонимниот Ориол Солдевила успеа да постигне хет-трик против Барселона и со тоа да стане во центарот на вниманието и покрај поразот од неговиот тим по дополнителните 30 минути.

Интересно, но Солдевила е дете на Барселона. Роден е во Барселона, а првите фудбалски чекори ги направи во „Ла Масија“, познатата фудбалска школа на Барселона, која ја напуштил во 2020 година. Неговата сегашна цена е 100.000 евра, но по вчерашниот перформанс таа веројатно ќе биде значително зголемена. Инаку, она што е уште повпечатливо во целата приказна е тоа што тој воопшто не е напаѓач, туку играч за врска, но сепак покажа дека може да биде вистински „ѕвер“ во реализацијата на нападите.

Ориол Солдевила стана и првиот играч кој постигнал хет-трик против Барселона во сите натпреварувања по Мбапе во Лигата на шампионите во 2021 година и првиот шпански играч по Адуриз кој тоа го направи против Барса во Суперкупот во 2015 година.

ПретходноНов расистички скандал со навивачите на Лацио: Го расплакаа Умтити
СледноБез Талески, Митревски и Цветан Кузманоски на „Кроација Купот“!