Експедицијата на Македонија ЃП веќе два дена се наоѓа во Медулин (Хрватска), каде ги започна зимските подготовки. Покрај вообичаените тренинзи, четата на стратегот Муарем Бајрами ќе учествува и на силниот интернационален турнир „Арена Куп 2023“ на кој ќе одигра најмалку три средби.
За утре од 14:30 часот е закажан мечот со тимот ја Колхети Коби (Грузија).
Три дена подоцна “лавовите“ се среќаваат тимот на Истра 1961, а на 12 јануари противник ќе биде составот на Арсенал Тиват (Црна Гора).
Во изминатите два дена фудбалерите и стручниот штаб веќе одработиле неколку тренинзи, а од фотографиите се гледа дека имаат добри услови за работа.